Овој човек е чудо: Халанд го “скрши“ Евертон, сега Сити е лидер!

35
ФОТО: Manchester City/FB

Манчестер Сити – Евертон 2:0 или подобро кажано Ерлинг Халанд – Евертон 2:0. Одличен меч, посебно добро одиграа “Граѓаните“, ама сите честитки одат за Халанд кој уште еднаш покажа дека е чудо од голгетер. Со два гола попладнево, сега има 11 во изминатите 8.кола и секако убедливо најдобар стрелец во Премиерлигата.

Головите на Халанд паднаа во 58. и 63.минута. Нема што, Сити се враќа на голема работа.

Сектакл на „Селхрст Парк“ во Лондон каде Кристал Палас и Борнмут одиграа фантастичен меч кој на крајот заврши со 3:3. Гостите во 90+7.минута имаа водство од 2:3 и со таа победа беа лидери, но Матета од пенал му донесе бод на домашниот состав, тоа беше негов трет гол на мечот. Интересно е што токму Матета во 90+8.минута имаше супер шанса за 4:3.

Борнмут со головите на Крупи водеше со 0:2, Палас се врати преку Матета со дв гола. Борнмут поведе со голот на Кристи на 2:3, сепак Матета со третиот гол, овојпат од пенал израмни на 3:3.

Барнли со 2:0 го победи Лидс, со истиот резултат Сандерленд славеше против Вулверхемптон.

Брајтон го победи Њукасл со 2:1. За победничкиот состав двата гола ги даде Велбек, а за гостите Волтемаде.

ПретходноТрапановски му „откина“ бод на Миовски (ВИДЕО)
СледноАраухо во 90+3.минута донесе победа, ама Флик доби црвен и нема да ја води Барса на „Ел Класико“!