Руне во солзи изнесен од теренот по тешката повреда! (ВИДЕО)

93
ФОТО: Screenshot,

Холгер Руне доживеа сериозна повреда за време на полуфиналето против Иго Амбер на турнирот во Стокхолм.
Данскиот тенисер водеше со 1:0 во сетови, но на 2:2 во вториот сет, мораше да го предаде мечот. Веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда и дека младиот играч е во болки, а се чини дека ја скинал Ахиловата тетива и дека чека долга пауза.

Седна на столот, ја држеше главата и плачеше.

Почувствував дека нешто пукна“ – рече тој.
Не долго потоа, во солзи го изнесоа од теренот и му беше укажана итна помош.
Па така Амбер мина во финалето.

ПретходноСрамно: Еве како Флик се израдува на голот на Араухо!(ВИДЕО)
СледноГРК Охрид без проблем во Прилеп