Синер го прегази Алкараз и си заработи 6 милиони долари!

52
ФОТО:USOpen/FB

Јаник Синер е победник на егзибицискиот турнир “Шест Кралеви“ во Ријад откако вечерва во големото финале успеа да го победи Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4).

Самото финале траеше само 73 минути што доволно кажува каква беше доминацијата на Италијанецот.

Едноставно Карлито немаше ниакви шанси против разиграниот Синер.

По овој триумф сметката на Италијанецот е побогата за 6 милиони долари.

Познато е дека секој тенисер само за настап на овој турнир доби по 1,5 милиони долари, а за триумф во финалето уште плус 4,5 милиони.

ПретходноРоналдо прво промаши пенал, ама потоа го постигна еден од најубавите голови во кариерата! (ВИДЕО)
СледноИнтер победнички на “Олимпико“, сега е и лидер во Серија А!