Трапановски му „откина“ бод на Миовски (ВИДЕО)

187

Македонското дерби во Шкотска заврши без победник. Поточно, дуелот помеѓу Ренџерс и Данди за кои настапија нашите Бојан Миовски односно Кристијан Трапановски заврши со 2:2.

И тоа со погодок на Трапановски кој што влезе во вториот дел во 66. минута, а погоди по само шеесетина секунди минати на теренот. Во тие моменти Реџнерс водеше со 1:0 со голот на Асгард, но Трапановски успеа да го изедначи резултатот и да му даде шанса на неговиот тим за бодови. Тоа Данди знаеше да го искористи, па по девет минути односно во 75. минута Сибалд погоди за 1:2. Сепак, во 87. минута, искусниот Таверние, го спаси Ренџерс од пораз, и ги постави конечните 2:2.

За домаќинот Бојан Миовски ги одигра сите деведесет минути.

 

ПретходноРБ Лајпциг ја одработи задачата против Хамбургер
СледноОвој човек е чудо: Халанд го “скрши“ Евертон, сега Сити е лидер!