Хаџиевски со внукот Стојановски до бод кај Лудогорец!

157

Голем, феноменален успех на нашиот стратег Ѓоко Хаџиевски со својот тим Спартак Варна. Во меч од елитната лига на Бугарија, некогашниот селектор на Македонија и еден од нашите најдобри тренери успеа да дојде до бод на гостувањето кај гигантот Лудогорец, играјќи 1:1.

Интересно е тоа што во нападот на Спартак Варна, како стартер беше и неговиот внук Георг Стојановски. По ова секако дека нема крај на радоста и задоволството на Хаџиевски.

Инаку ова е прв меч во историјата на Спартак Варна на кој нема пораз на гостувањето кај Лудогорец и петти меч на Хаџиевски со својот тим во низа без пораз.

ПретходноАраухо во 90+3.минута донесе победа, ама Флик доби црвен и нема да ја води Барса на „Ел Класико“!
СледноКадетите ја победија Романија на “Трофеј Карпати“!