Колумбиецот со македонски пасош, Себастиан Херера, потпиша нов договор со екипата на Борац Бања Лука. Со истиот, тој се обврзува на верност до 2028 година.
Со ова, левиот бек решава сериозни прашање за својата иднина. Во следните три сезони, тој има осигурано и место во тимот, секако доколку со игрите тоа и го заслужи и сериозни финансиски примања, затоа што Борац е клуб кој што одлично функционира во моментов, а минатата сезона беше дел од групмата фаза од Конференциската лига.
И покрај јавно искажаната жекба, да игра за Македонија, Херера никогаш не доби повик да заигра за нашиот национален тим.