Четата на Чоло се измачи за трите бода со Осасуна!

23
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

Не така убедлива игра на Атлетико Мадрид, но сепак победа од 1:0 против Осасуна во меч од 9.коло вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид.

Победничкиот гол беше дело на Алмада во 69.минута, сосема доволен за трите бода.

Сепак не беше така лесно за четата на Чоло Симеоне, гостите од Памплона и тоа како се покажаа како цврст орев.

Јорганџиите“ просто се измачија, но рековме веќе, најважни се трите бода со кои сега Атлетико Мадрид има 16 бода и се наоѓа на 4.место на табелата.

Којзнае, можеби и самиот Симеоне докрај не ги откриваше картите ако се знае дека веќе во вторник, неговиот тим во ЛШ му гостува на Арсенал.

ПретходноИнтер победнички на “Олимпико“, сега е и лидер во Серија А!
СледноМакс до пол-позиција во Остин!