Der Klassiker: Баерн го “реши“ Дортмунд за “седум од седум“!

29
ФОТО: FC Bayern München/FB

Вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен во 113 Der Klassiker успеа со 2:1 ја победи Борусија Дортмунд и со тоа да остане перфектен во Бундеслигата оваа сезона. Секако дека “баварците“ и натаму се лидери на табелата ама сега со 21 бод, со “седум од седум“ во Бундеслигата или 11 победи во сите натпреварувања во оваа сезона.

Баерн Минхен беше подобар во првиот дел а Хари Кејн во 22.минута донесе водство од 1:0. Со тој резултат се замина на пауза. Во продолжение од ова големо дерби на Германија, Олисе во 79.минута зголеми на 2:0. До крајот гостите со голот на Брандт успеаја само да го ублажат поразот на конечни 2:1.

ПретходноГРК Тиквеш со пораз се збогува од европската сцена
СледноАрсенал знае како треба! Триумф кај Фулам за +3 пред Сити