Екипата на ГРК Тиквеш денеска (19 часот) во салата “Јасми“ го игра реванш мечот во рамките на третото коло во ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани немаа среќа во ждрепката и за противник го добија тимот на Бешикташ. На првата средба македонскиот тим беше совладан со убедливи 31-20.
Иако веќе е јасен патникот во следното трето коло и ГРК Тиквеш и на овој меч е голем аутсајдер, сепак од клубот испратија апел до сите фанови, да дојдат во сала и да ги поддржат, а тие ќе им вратат со максимална битка на теренот до последна капка пот.