Денеска ќе се одиграат три меч од осмото коло во Супер-лигата. Првиот натпревар се игра во ран термин (13 часот), а во салата „Боро Чурлевски“ силите ќе ги одмерат братските тимови. Вториот тим на Пелистер ја има улогата на домаќин против првиот тим. Влезот за оваа средба е бесплатен.
Во Прилеп, истоимениот клуб е домаќин на ГРК Охрид (18 часот), на оваа средба ќе дебитира македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски.
Денешната програма ја затвраат Пролет и Алкалоид, мечот се игра во 20 часот.