Првиот тим на Пелистер е победник во братското дерби. Актуелниот македонски првак славеше со 27-34 во меч од осмото коло во Супер-лигата. Избраниците на Рубен Гарабаја дојдоа до шестата победа оваа сезона, и со оглед на тоа дека Алкалоид е фааворит против Пролет ќе останат на третото место на табелата. За вториот тим на Пелистер ова беше петти пораз, има и три победи.
Првото полувреме беше изедначено (18-18), првиот тим на Пелистер имаше водство од два до три гола разлика, а пред одморот условно кажано домаќинот со головите на Гичев и Фехми успеа да се избори за реми по првите 30 минути игра.
На срединат на вториот дел, Хекберг донесе плус четири (23-27), а во продолжение актуелниот првак покажа зошто е фаворит.
Јован Мацановски доби шанса на голот, запиша десет одбрани, прв стрелец беше Хекберт со седум гола. На другата страна Гичев имаше седум погодоци, додека Младенов 11 одбрани.