Спортскиот директор на Интер: Нејмар? Тоа се глупости!

43

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, категорично ги негираше шпекулациите дека бразилскиот напаѓач Нејмар би можел да им се придружи на „нероаѕурите“, како и гласините за неговиот трансфер во Ал-Хилал.

„Нејмар во Интер? Ајде, тоа се глупости. Не сме разговарале со него, никој не му дал понуда“, рече Аузилио, и додаде: 

„Задоволен сум од мојата позиција, имам договор до 2027 година. Ми беа понудени подобри опции и претходно, но никогаш не заминав. Можете да се откажете од сè“, рече Аузилио, цитиран од „Кориере дело Спорт“.

Во моментов, Аузилио е целосно фокусиран на работите на Интер, работи на обновување на договорите, а потоа ќе започне со подготовките за јануарскиот преоден рок.

ПретходноБешикташ гостин во Кавадарци, ГРК Тиквеш со апел: Ќе се бориме до последна капка пот
СледноПелистер го доби братското дерби во Битола