Српска легенда му се поклони на играч на Црвена Звезда во студио

1157
Фото: Screenshot: Arena Sport

Кошаркарите на Црвена звезда на свој терен го совладаа Реал Мадрид со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Играчите на Звезда го воодушевија легендарниот Влада Ѓуровиќ. Српскиот тренер, кој во 80-тите години изненадувачки ги водеше Шибенка и сензационално Задар до југословенски титули, денес е аналитичар на Арена Спорт.

По големата победа на Звезда над шампионот на Шпанија, Ѓуровиќ во студиото стана од масата и буквално се поклони на играчот за кој претходно тврдеше дека на таа позиција е потребно засилување.

„Фантастична победа, голема победа, фантастична публика. Звезда со неверојатна борбеност, токму како што ветија. Саша Обрадовиќ како тренер – фантастичен. Морам сега да станам и длабоко да се поклонам на Коди Милер-Мекинтајер , морам да му се извинам. Ова можеби беше неговиот најдобар натпревар во кариерата. Играше како доктор. Но сепак мислам дека на Звезда ѝ треба уште еден плејмејкер, ама за тоа нема да зборуваме сега,“ изјави Ѓуровиќ.

Коди Милер во 2024 година беше најдобар асистент во Евролигата играјќи за Басконија, по што минатото лето премина во Црвена звезда. Американец е, но има и бугарско државјанство и настапува за репрезентацијата на таа земја.

ПретходноФлик збесна на прашање за Јамал: Кој и да ти го кажал тоа – лаже!
Следно„Бомба“ од Грција: Рафа Бенитез на клупата на Панатинаикос