Нема веќе дилеми. Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски е во одлична форма оваа сезона на голот на германскиот тим Битигхајм.
Томовски и вечерва и тоа како се покажа како заслужен за новата победа на неговиот тим против Есен (36:23) откако забележа 10 одбрани.
Ова беше меч од 8.коло во втората Бундеслига, а со оваа победа Битигхајм на Томовски одново е на лидерската позиција на табелата.