Челзи го „бутна“ Нотингем уште подолу на табелата

43

На стартот на денешната програма од Премиер лигата, тимот на Челзи на гостински терен извојува убава и пред се убедлива победа кај Нотингем Форест од 0:3.

Иако и пред стартот на овој меч, Челзи со оглед на моменталната форма и позиција на табелата важеше за фаворит, сепак, настаните на теренот многумина очекуваа да бидат можеби и поинакви.

Сепак, домаќинот и на овој дуел покажа дека е во криза, и во лоша форма. По полувремето без голови, Ачеампонг погоди за 0:1 во 49 минута, за по само три минути Нето да зголеми на 0:2.

Рис Џејмс во 84. минута ги постави конечните 0:3, а вредно е за споменување дека госттие мечот го завршија до играч помалку по исклучувањето на Густо.

Челзи по осум кола е со четрнаесет бодови, а Нотингем е на место над црвената линија за испаѓање со само пет бода.

 

ПретходноИнтер го сруши рекордот на приходи во Серија А
СледноМајорка со гостински триумф кај Севиља