Болоња рутински до победа на Сардинија, реми во Џенова

24
ФОТО: Bologna Fc 1909/FB

Во попладневниот термин од 15 часот се одиграа два меча од 7.коло во Серија А. Болоња како гостин на Сардинија, кај Каљари успеа да дојде до победа од 0:2. Се чини и полесно од очекувањата. Гостите доминираа, постигнаа два гола преку Холм и Орсолини, и на крајот заслужено победија и освоија три бода.

Според шансите домашните имаа и среќа што беа поразени само со два гола.

Во Џенова, каде силите ги одмерија истоимената домашна екипа и Парма, на крајот беше 0:0.

Треба да се каже дека домашните можат да жалат зошто беа многу подобри, имаа и неколку шанси за гол и победа, но мрежата на гостите остана нечепната.

ПретходноАстон Вила со пресврт до победа кај Тотенхем!
СледноШокантно: Марко Арнаутовиќ си оди од Ц. Звезда?!