Киву: Момците ги заслужуваат сите пофалби

17

Тимот на Интер синоќа со победата од 0:1 во дербито во Рим против Рома дојде до шестата последователна победа во сите конкуренции. Тоа значи дека „Нероаѕурите“ и тоа како влегуваат во добра форма, што е одлично за нив со оглед на фактот што е само почеток на сезоната.

Амбициите на Интер секако се високи, како и секоја сезона, а целта нормално дека е титулата во Серија А.

„Овие момци заслужуваат сите пофалби бидејќи го оставија зад себе се лошо што се случуваше, се подготвија за предизвикот по минатата сезона и сакаат да докажат дека можат да се натпреваруваат на кој било турнир“, изјави тренерот на Интер, Кристијан Киву за „Скај Спорт Италија“ па додаде.

„Горд сум на начинот на кој работат, како се подготвуваат ментално за одредени натпревари. Тие знаат како да страдаат, подготвени се да се предизвикаат себеси и да ја пронајдат вистинската скромност за овие ситуации. По паузата за националниот тим, секогаш е непознато, многумина од нив патуваат и играат, не ги гледате долго време.“ – рече Киву.

 

ПретходноВестбрук на најниско ниво досега – сега е рамо до рамо со најплатените играчи во Евролигата?
СледноФорест постави рекорд со отпуштањето на Постекоглу