Лош период за тимот на Јувентус, а напротив одличен за тимот на Комо. Предмалку, тимот кој што е домаќино во еден од најубавите предели на Италија на свој терен го совлада фаворитот со конечни 2:0 во рамките од новото коло на Серија А.
Во одлична игра и создадени десетина шанси, домаќинот сосема заслужено стигна до злато вредни три бода.
И победа која што Комо ја чекаше цели 73. години. Пред повеќе од седум децении Комо последен пат на домашен терен го совладал најтрофејниот италијански фудбалски колектив.
Комо е во еуфорија, а во таборот на Јуве многу веројатно ја разгледуваат можноста за оставка на тренерот Тудор.