Мануел Ноер испиша историја!(ФОТО)

51
ФОТО: FC Bayern München/FB

Синоќа во 113. мега – дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, домашните победија со 2:1. Хари Кејн стана првиот играч во Бундеслигата кој во првите седум кола успеал да дојде до 12 голови. Ова беше седма победа на “баварците“ во Бундеслигата или единаесетта во сите натпреварувања, па така Баерн го израмни рекордот на Дортмунд.

Исто така и голманот на Баерн, Мануел Ноер може да се пофали со исклучителна бројка.

Имено тој со оваа победа дојде до 363 триумф во Бундеслигата што го прави рекордер. Никој друг нема толку победи во историјата на оваа лига.

Баерн Минхен на ова мега – дерби покажа дека оваа сезона и дефинитивно е негова, како таа претходно. Треба да се случи само некоја катаклизма за да Баерн Минхен и оваа година не дојде до титулата.

Страшен е овој Баерн Минхен.

ПретходноМакедонија цели 26 години нема победа против Словенија
СледноСинер од Саудијците доби специјален подарок кој тежи 250 илјади евра