Барселона поднесе жалба на суспензијата на Ханси Флик. Германскиот тренер доби црвен картон (два жолти картони) против Џирона во саботата и затоа се очекува да го пропушти „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Сепак, каталонскиот клуб не ја прифати казната.
Флик одби да коментира за неговата суспензија на прес-конференцијата по натпреварот, но претседателот Жоан Лапорта го стори тоа за време на генералното собрание. Тој потврди дека Барселона поднела жалба за суспензијата.
„Се жалевме на двата жолти картони“, рече Лапорта. „Судијата отиде предалеку и чекаше реакција на Флик пред да му го даде вториот картон. Знам дека е тешко да се поништи казната, но му реков на Флик дека го поддржуваме. Не ми се допадна ставот на судијата“, изјавил Лапорта.