Ливерпул – Манчестер Јунајтед 1:2 е исходот од најголемото дерби во Премиер-лигата. „Енфилд“ е во солзи откако Хари Мегваер во 84.минута ја затресе мрежата на “Редси“ во 84.минута за победа, за 1:2.
Ова е четврти пораз на Ливерпул во низа во сите натпреварувања и прва победа на Јунајтед на „Енфилд“ по речиси цела деценија.
Мечот почна со шокантното водство на гостите уште во 63 секунда со голот на Мбеумо. Ливерпул врати со урагански напади, шанси, Гакпо во три наврати ја гаѓаше стативата, но гол немаше па немаше.
Така беше се до 78.минута кога Гакпо конечно ја погоди мрежата на Јунајтед за 1:1. И кога се чинеше дека “Редси“ ќе направат пресврт и ќе дојдат до победа, Хари Мегваер им пресуди на домашните.
Спектакуларен меч, дали со оваа победа Рубен Аморим конечно може да здивне, но затоа сега Арне Слот е под голем притисок.
Скапиот тим на Ливерпул е со четири порази во низа.