И Кевин Мускат нема да биде нов тренер на шкотски Ренџерс. Како што објави „Скај Спортс“, најавеното доаѓање на Австралиецот на клупата на шкотскиот тим пропадна. Мускат водеше разговори за да го наследи Расел Мартин, но различните гледишта на менаџерот и управата го направија трансферот невозможен.
Разговорите за Мускат да го наследи Расел Мартин стигнаа во напредна фаза, а Ренџерс беа подготвени да направат значителен ангажман за да го доведат 52-годишникот во „Иброкс“. Сега управата ќе мора да се фокусира на нов кандидат.