Комо по 73. години ја совлада „Старата дама“

27

Лош период за тимот на Јувентус, а напротив одличен за тимот на Комо. Предмалку, тимот кој што е домаќино во еден од најубавите предели на Италија на свој терен го совлада фаворитот со конечни 2:0 во рамките од новото коло на Серија А.

Во одлична игра и создадени десетина шанси, домаќинот сосема заслужено стигна до злато вредни три бода.

И победа која што Комо ја чекаше цели 73. години. Пред повеќе од седум децении Комо последен пат на домашен терен го совладал најтрофејниот италијански фудбалски колектив.

Комо е во еуфорија, а во таборот на Јуве многу веројатно ја разгледуваат можноста за оставка на тренерот Тудор.

 

ПретходноКомо знае како против Јувентус (ВИДЕО)
СледноНовески: „Алергичен“ сум на протекции, и „АЛО – АЛО“, скаутинг службата на ФФМ ќе работи на германски начин