Милан е новиот лидер во Серија А: Пресврт и победа за „росонерите“ на „Сан Сиро“

64
фото: Actu Foot (X)

Фудбалерите на Милан се новите лидери во Серија А лигата по вечерашната голема победа над Фиорентина на „Сан Сиро“ со 2:1. „Росонерите“ до триумфот дојдоа со пресврт, откако „виолетовите“ водеа со 0:1 со голот на Госенс во 55. минута.

Милан се врати брзо за израмнување во 63. минута кога Рафаел Леао со својот прв гол успеа да израмни на 1:1. По големиот пресинг, Милан успеа во завршницата да ја исполни целта. доби пенал, Рафаел Леао успеа да го претвори во гол и на милан да му ја донесе петтата сезонска победа со која дојде до бод повеќе од триото Интер, Наполи и Рома, кои следат од 2. до 4. позиција на табелата.

 

ПретходноБарса вложи жалба: Флик има шанси да биде на клупата за „Ел Класико“
СледноМакс доминираше во Остин, се враќа во борба за титулата