Андреј Јакимовски, нашиот репрезентативец уште еднаш покажа дека и тоа како поседува квалитет и дека трансферот во Тренто, беше вистински погодок. Македонскиот кошаркар попладнево на меч од 3.коло во елитната лига во Италија, против составот на Тортона одигра уште еден одличен меч.
Андреј Јакимовски за 14 минути колку што мина на паркетот, запиша 14 поени и пет скокови, се покажа како доволно да биде трет стрелец за победничкиот тим. Пред него беа Џонс и Стјуард со по 19 поени, но и со двојно поголема минутажа.
Тренто славеше со 89:75, за втор триумф во новата сезона во третиот меч.