Квалификации за ЕП 2026: Македонија со пораз и од Словенија!

50

Во натпревар од 2.коло во квалификациската група 3 за пласман на ЕВРО 2026, Македонија поразена од Словенија со 20:28.

Втор меч во групата и втор пораз по оној на гости во Германија од истоиомената селекција.

Нашите ракометарки вечерва во Битола, одиграа подобро од тој прв меч со Германија, но и тоа не беше доволно да се дојде до добар резултат.

Па така и по 26 години Македонија не успеава да слави против Словенија.

Инаку Словенките подобро го отворија мечот, по првите мигови од мечот имаа 0:2, но Македонија веќе во 10.минута за првпат дојде до израмнување до 3:3. Две минути подоцна имавме прво водство од 4:3, и од тогаш па се до самиот крај на првиот дел, Македонија ќе поведеше, а Словенија ќе израмнеше. Во тие моменти Петковска на голот правеше чуда. Сепак на пауза се замина со минимално водство на Словенките од 11:12.

Во второто полувреме слична ситуација, но сега противничките имаа водство а Македонија израмнуваше. Во 43.минута Словенија за првпат дојде до +3, но нашите ракометарки не се предаваа, играа борбено во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Од друга страна Словенките веќе се одлепија на +4 во таа 45.минута по што селекторот Грчевски повика тајм-аут.

Сепак ни тоа не помогна, Словенките само ја билдаа разликата и на крајот заслужено победија.

Што се однесува до головите, во нашата репрезентацијата најефикасна беше Арсениевска со 4 голови, А. Јанкуловска погоди трипати.

Петковска заврши со 13 одбрани.

Во вториот меч од ова денешно коло, Германија како гостин успеа убедливо да слави кај Белгија со 21:40, па така на табелата и Германија имаат максимален скор а Македонија и Белгија се без бодови.

ПретходноВо Шпанија само три работи се сигурни: Да се плати данок, да се умре и Манзано да покаже црвен на Барса!
Следно„Енфилд“ во солзи: Мегваер ја продолжи црната серија на шампионот!