Макс до пол-позиција во Остин!

24
ФОТО: Formula 1/X

Да се знае кој е кој. Да се знае кој е актуелниот шампион. Макс Верстапен уште еднаш покажа дека е во страшна форма. Холанѓанецот со својот болид на Ред Бул дојде и до пол – позицијата во квалификациите на патеката во Остин за ГН на САД.

Едноставно доминантно, на таков начин Макс ги извозе главните квалификации, па така тој од првата позиција ќе стартува утре на трката која е закажана за 21 часот.

Интересно е тоа што Макс не го извозе последниот брз круг во квалификациите, немаше ни потреба.

Втор заврши Ландо Норис на Мекларен, потоа следуваат Шарл Леклер, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Кими Антонели.

Во секој случај утре се очекува спектакуларна трка.

ПретходноЧетата на Чоло се измачи за трите бода со Осасуна!