Нотингем Форест пикирал двајца Италијанци за нов тренер, едниот веднаш ја одбил понудата!

65
ФОТО: Nottingham Forest/FB

Иако се смета дека Шон Дајч е наследникот на Анџе Постекоглу на клупата на Нотинген Форест, сепак можни се изненадувања. Кога е во прашање контроверзниот Евангелос Маринакис, газдата на клубот, се е можно.

Па така на Островот, но и медиумите во Италија, пренесуваат дека тој пикирал двајца Италијанци и тоа Лучиано Спалети и Роберто Манчини, и двајцата се некогашни селектори на Италија, а овој вториот беше и стратег на Манчестер Сити.

Исто така се пренесува дека Спалети веднаш ја одбил понудата и тука немало преговори, додека Манчини бил контактиран од клубот и имало некои почетни разговори.

ПретходноЕлче и Билбао одиграа без голови
СледноАстон Вила со пресврт до победа кај Тотенхем!