Само Хари Кејн и никој друг…

33
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

И дефинитивно Хари Кејн покажа дека е страшен напаѓач, еден од најдобрите во светот. Бројките кажуваат најмногу, не треба да се има никаки дилеми.

Вчера во мега – дербито со Дортмунд не само што постигна гол, туку ја одигра и својата најдобра партија откако го носи дресот на Баерн Минхен. Вчерашниот гол му беше вкупно 400 за клубовите кои играл, тука репрезентативните голови не се вметнати а ги има и тоа колку.

Еве нов податок дека Хари Кејн е нешто посебно.

Имено звуичи неверојатно податокот дека тој од 26 април, па до сега, на мечевите од Бундеслигата, на секој меч постигнал гол или имал асистенција.

Во овој период Агнгличанецот, на девет натпревари постигнал 14 голови и забележал четири асистенции.

Затоа, само Хари Кејн и никој друг…

ПретходноИ Мускат „крена раце“ од Ренџерс: Тимот на Миовски и натаму без тренер
СледноБарса вложи жалба: Флик има шанси да биде на клупата за „Ел Класико“