ГРК Охрид ја чека ждрепката, познати сите можни ривали ЕХФ Евро-купот

62
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Ракометарите на ГРК Охрид кои успешно ја минаа првата рунда од мечевите во ЕХФ Европскиот куп, утре ќе го добијат својот следен ривал. Охриѓани можат да очекуваат уште еден полесен ривал во оваа фаза, затоа што од позиција на носители ќе ја очекуваат ждрепката.

Откако се комплетира оваа рунда, веќе се познати и сите 16 екипи кои ќе бидат можни ривали на Охриѓани во следната рунда од натпреварите во ова европско натпреварување. Според квалитетот најнепосакувани се унгарскиот Балатонфуред и словенечкиот Целје Пивоварна Лашко.

Останатите можни ривали се: Слога Добој, Дуделанж, Сур, Полва Сервити, Свиеса, Драма, Тирол, Коњух, Ред Бојс, Берхем, Будванска Ривијера, Макаби и ПАОК.

ПретходноНавивачи нападнаа автобус во Италија, возачот погоден со цигла почина
СледноОфицијално: Потер е новиот селектор на Шведска