Навивачи нападнаа автобус во Италија, возачот погоден со цигла почина

121

Еден од возачите на автобус во кој се наоѓале навивачи на италијанскиот клуб Пистоја, почина синоќа откако бил погоден со цигла од навивачи на соперничкиот тим од Риети кои го нападнале автобусот на автопат.

Несреќниот возач седел во предниот дел од автобусот до возачот кој во тој момент го возел автобусот. Тој починал откако цигла го погодила во главата, јавува италијанската новинска агенција АНСА.

Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Риети фрлале камења и други предмети врз автобусот кој го напуштал Риети по натпревар од втората италијанска лига. Итните служби, заедно со неколку полициски и карабинерски патроли, веднаш реагирале, но обидите да се спаси животот на возачот биле неуспешни. Во тек е полициска истрага.

ПретходноТрофејниот тренер седнува на клупата на грчки Панатинаикос
СледноГРК Охрид ја чека ждрепката, познати сите можни ривали ЕХФ Евро-купот