Официјално: Потер е новиот селектор на Шведска

23

Најавата се оствари. Греам Потер е новиот селектор на шведската фудбалска репрезентација.

Ерата на Јон Дал Томасон беше многу кратка, откако првиот странски тренер остана на клупата на „Трите круни“ малку повеќе од една година.

Потер доаѓа на клупата со шанса да ја квалификува Шведска на Светското првенство во САД, Канада и Мексико преку баражите.

Благодарение на добриот пласман во Лигата на нации, Шведска обезбеди место во плејофот, кој ќе се одржи во март следната година. Тоа ќе биде последна шанса за скандинавскиот тим да стигне до најголемиот турнир во светот, и затоа мандатот на Потер е само до крајот на март.

ПретходноГРК Охрид ја чека ждрепката, познати сите можни ривали ЕХФ Евро-купот
СледноКако и дали Верстапен може да ја освои титулата во Формула 1 и оваа сезона?