Ужасни вести од Африка. Талентираниот голман од Сенегал, Чеик Туре на само 18. годишна возраст е мртов. Неговиот случај веројатно ќе остане запаметен како еден од најтрагичните во поновата историја на фудбалот како спорт.
Имено, Туре бил намамен во Гана, од страна на како што тој првично сметал, луѓе кои раководеле со професионален клуб, и кои го поканиле да биде дел од нив, како еден вид на проба, за потоа евентуално да биде и ангажиран профеионално.
Сепак, наместо клуб, и шанса за договор, Туре всушност бил киндапиран од страна на криминални кои потоа барале откуп за него од неговото семејство.
Роднините на Туре не успеале да ја соберат потребната сума, и тој според информациите бил ликвидиран. Сенегал е во шок поради овој трагичен настан, а веста брзо го обиколи светот.