Од кошаркарскиот клуб Пелистер, денеска информираат дека се пуштени во продажба билетите за премиерниот дуел од ФИБА Европа купот против екипата на Превидза од Словачка.
Истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19:00 часот.
Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари, а истите од денеска се пуштени во прдажба во „ЗИКС“. На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.