Дали ремек – делото на Никола Митревски и Дејан Манасков, голот против Барселона кој што ја воодушеви ракометната јавност е во Европа ќе биде голот на година?
Пред малку ЕХФ на своите социјални мрежи одново го прикажува фантастичниот цепелин на “пелистерци“ против Барселона, со прашањето дали е ова голот на годината.
Јасно е дека во блиска иднина нешто слично тешко дека ќе се случи, па нека биде голот на годината во Лигата на Шампионите.
Нема да имаме ништо против.
Да уживаме уште еднаш во фантастичниот гол на Манасков и асистенцијата на Митревски.