Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 1/8 финалето на турнирот во Роверето (Италија). Нашата најдобра тенисерка вечерва во 1/16 финалето беше подобра од Нуриа Бранкачо со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови) и тоа за точно еден час игра.
Толку и беше потребно на Лина за да успее да ја победи домашната тенисерка.
Следна противничка на нашата тенисерка на овој турнир во Роверето, ќе и биде Алиона Болсова Задоинов од Шпанија.