Милев: Оваа екипа на Струмица треба да расте низ европските купови

30

Во среда, македонските одбојкарски шампиони и во машка и во женска конкуренција, Струмица и Јанта Волеј, ќе ги имаат своите први настапи во најсилното еврпско натпреварување, Лигата на шампионите. Додека за Јанта Волеј ова ќе биде огнено крштеваше во најсилното клупско евро-натпреварување, Струмица ја продолжува традицијата на учества и оваа сезона, иако актуелниот првак оваа сезона јасно потенцира дека фокусот е ставен на развој на тимот и домашното првенство. За Струмичани првата пречка е силниот романски шампион, Динамо од Букурешт.

„Подготовките за настапите во Лигата на шампионите течат согласно планираното. Веќе одигравме три контролни натпревари кои беа одлична можност да се види моменталната состојба на тимот и да се воиграме пред претстојните предизвици. Тимот оваа сезона е значително подмладен, со неколку нови имиња кои полека се воигруваат во системот. Резултатот во европските купови нема да ни биде во прв план – поважно е да создадеме стабилна екипа со јасен идентитет и карактер. Имаме млади играчи со голем потенцијал, а нашата цел е да им овозможиме простор да растат, да стекнуваат искуство и да ја добијат потребната самодоверба. Тоа е патот кој мора да го поминат и тие како играчи, но и клубот како целина. Атмосферата во тимот е одлична – се работи со многу енергија, ентузијазам и посветеност. Сите се мотивирани и решени да го извлечат максимумот од секој тренинг и натпревар“, вели најсикусниот во тимот, нашиот репрезентативец Владо Милев.

струмичани ги повикуваат сите вистински љубители на одбојката во среда да ја наполнат арената во СЦ „Јане Сандански“ каде ќе има двојна одбојкарска програма. Струмица од 17 часот ќе се сретне со романски Динамо Букурешт, а по нив и Јанта Волеј ќе го одигра мечот со ЖОК Гацко.

„Влезот за натпреварот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде слободен, и ги покануваме љубителите на спортот да дојдат и да им дадат поддршка на нашите момци“, потенцира Милев.

ПретходноКритиките не стивнуваат: „Овие двајца фудбалери не можат да играат заедно во Ливерпул“
СледноТрофејниот тренер седнува на клупата на грчки Панатинаикос