Тудор под притисок, Јуве веќе му најде замена

60
фото: 🎥 The AJC (X)

Игор Тудор се под поголем притисок на клупата на Јувентус и нема да биде изненадување доколку во скоро време добие отказ. Хрватските медиуми пишуваат декла лошиот почеток на сезоната и последниот пораз од Комо, веќе го натерале раководството на „Старата Дама“ да бара ново тренерско решение.

Според пишувањата, најверојатен кандидат за заменик на Тудор е Рафаеле Паладино, поранешниот играч на Јувентус кој многу добро ја познава средината. Наводно, синоќа во Милано била одржана вечера меѓу тренерот и спортскиот директор на Јувентус, Франсоа Модесто.

Двајцата имаат долгогодишно пријателство кое датира од нивните заеднички денови во Монца. Под водство на паладино Монца играше модерен, офанзивен фудбал, а Паладино стекна репутација на млад експерт кој знае како да го извлече максимумот од играчите.

ПретходноШК Алкалоид со убедлив триумф стартуваше на Европскиот клупски куп
СледноПодобар и од Салах и од Де Брујне: Бруно направил 560 гол-шанси во последните пет години