„Бомба“: Барса тргнува по “Македонецот“ Костов, Ц. Звезда бара 20 милиони евра!

541
ФОТО: FK Crvena zvezda/FB

Македонецот“ Василије Костов, мега – талентот на Ц.Звезда, иако има само 17 години во последно време ја разбранува фудбалската јавност не само во Србија.

Имено како што пренесуваат медиумите кај северниот сосед, тој најверојатно ќе стане најскапиот играч во историјата на српскиот фудбал. За него силен интерес пројавала Барселона, скаути на каталонскиот гигнт во неколку постојано се во Белград и се следи секој негов настап.

Исто така интерес пројавуваат и Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, но од таборот на Ц.Звезда се вели дека под 20 милиони евра тие не седнуваат да преговараат за трансфер на своето ново фудбалско чудо.

Инаку познато дека Костов е со македонски корени, но откако настапи пред некој ден за селекцијата на Србија и дефинитивно нема да може да игра за Македонија.

ПретходноСудии за Куп: Трпчевски ќе биде “главен“ во Куманово!
СледноЛуда идеја на газдата на Наполи: „За репрезентациите да играат само фудбалери до 23 години“!