Брентфорд славеше на гости кај “Чеканите“!

19
ФОТО: Brentford FC/FB

Можеби резултатот од 0:2 не покажува колку Брентфорд беше подобар од Вест Хем вечерва во меч од 8.коло во Премиер-лигата,ама според играта и настаните на теренот, гостите требаше да слават барем со 0:4 или 0:5.

Вест Хем е во драматична криза, “Чеканите“ се веќе во црна серија, а Брентфорд тоа вечерва на најубав напчин го искористи и успеа да освои големи три бода за бегство од долниот дел на табелата.

Игор Тиаго во 43.минута стрелаше за 0:1, после неколку минути погоди и за 0:2, но овој гол беше поништен од страна на ВАР поради офсајд.

И така со 0:1 беше се до судиското продолжение, кога Јенсен во 90+5.минута ги постави конечните 0:2 за Брентфорд.

ПретходноВаленсија со бод кај Алавес, Столе повторно остана на клупата!