Ван Дајк: Примивме почетнички втор гол

26

Екипата на Ливерпул вчера на најлош можен начин го заврши вечното дерби против Манчестер Јунајтед. На домашен терен загуби со 1:2, со гол примен во финишот на дуелот, со што ситуацијата во тимот стана уште по проблематична.

Искуснито Вирџил Ван Дајк секако дека беше разочаран по дуелот.

„Мислам дека примивме многу почетнички втор гол. Работевме толку напорно за да се вратиме во игра и создадовме одлични шанси за победнички гол, но кога ќе примите втор гол како тој, тоа е најразочарувачки. Тоа е интересен момент бидејќи мора да се држиме заедно, не само ние како играчи, туку и клубот и навивачите, сите мора да бидеме обединети“, рече ван Дајк, цитиран од Скај Спортс.

Ливерпул е трет на табелата во англиската Премиер лига со 15 бода, додека Манчестер Јунајтед е деветти со 13 бода.

ПретходноЖенската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против врсничките на Русија
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.Б. ОД ОХРИД ОСВОИ 6.127.129 ДЕНАРИ