Лига Конференции: Шкендија ВИП билетите со Шелбурн ги продава по 2.000 денари!

141

Во четврток со почеток од 18:45 на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во Лигата на Конференции, Шкендија го дочекува Шелбурн, тим од Ирска.

Билетите веќе се продаваат и тоа за цена од 500 до 750 денари, а вечерва тетовци информираат дека се продаваат и ВИП билети и тоа по цена од 2.000 денари.

Да потсетиме дека оваа есен, нашиот шампион испишува историја. За првпат игра во групната или по ново лигашка фаза во едно европско натпреварување. Во првото коло, на гостувањето кај Рајо Ваљекано во Мадрид, тимот на стратегот Јетон Беќири беше поразен со 2:0.

ПретходноЛина во 1/8 финалето во Роверето!
СледноФудбалска бајка: Клуб од мало село со 1.485 жители, е првак на Шведска!