Луда идеја на газдата на Наполи: „За репрезентациите да играат само фудбалери до 23 години“!

123
ФОТО: SSC Napoli/FB

Фамозниот Аурелио де Лаурентис познат е во светот на фудбалот по своите необични изјави, по некои свои идеи кои се пред времето што се вели. Газдата на Наполи, клубот за кој игра и нашиот Елиф Елмас, со последниот предлог го шокираше светот.

Имено тој се залага за репрезентациите да играат само фудбалери до 23 години:
“Мојот предлог сигурно ќе предизвика жестока дискусија, но јас сметам дека за репрезентациите треба да играат само фудбалери до 23 години. Календарот е многу густ, нешто мора да се промени. Секако дека ова на менаџерите не им одговара, но во модерниот фудбал се играат многу натпревари, некои играат и по 70 натпревари во сезоната. Има повеќе причини за тоа“ посочи Де Лаурентис.

Претходно„Бомба“: Барса тргнува по “Македонецот“ Костов, Ц. Звезда бара 20 милиони евра!
СледноЈирген Клоп за евентуалното враќање во Ливерпул: Можно е!