На потег е Чаби Алонсо: Ендрик повторно направи скандал на клупата!

220
ФОТО:Screenshot

И дефинитивно Ендрик минува низ еден кошмарен период во Реал Мадрид. Имено тој не одигра ни минута под водство на Чаби Алонсо оваа сезона, кој засега не го смета за важен дел од својот тим. Фрустрацијата кулминираше со победата на Реал од 1:0 против Гетафе. Бразилецот долго време се загреваше, очекувајќи да влезе во игра додека на тимот му беше непходен поведнички гол.
Наместо тоа, Алонсо му даде знак да се врати на клупата, а напаѓачот силно удри шише со вода пред тренерот, предизвикувајќи скандал. „Ендрик го шутна шишето со вода откако му беше кажано да престане да се загрева и да се врати на клупата. Чаби Алонсо виде сè и воопшто не му се допадна реакцијата“, пренесуваат шпанските медиуми.

Јасно е дека по се ова на потег е Чаби Алонсо.

ПретходноТрент Александер – Арнолд ќе биде подготвен за Ел Класико
Следно„Марка“: Ова е Мбапе за кој сонуваше Дон Флорентино!