Откако доби отказ во Спартак Москва: Дали Станковиќ е наследникот на Пикси?!

77
ФОТО: Spartak.com

Иако засега сеуште не е официјално, сепак медиумите во Русија и Србија наголемо пренесуваат дека Дејан Станковиќ добил отказ во Спартак Москва и дека рускиот гигант наскоро ќе го објави и неговиот наследник.

Ова не е некоја сензација ако се знае дека со денови наназад се шпекулираше дека српската играчка легенда, а и некогашен стратег на Ц. Звезда и немаше резултат со клубот од Москва.

Ова значи, најверојатно, дека Станковиќ најверојатно ќе биде наследникот на Драган Стојковиќ – Пикси на селекторската клупа на Србија.

Тој се споменува како најсериозен кандидат, а сега откако доби отказ во Спартак Москва, нема никакви пречки да го преземе кормилото на А-репрезентацијата на Србија.

ПретходноФудбалска бајка: Клуб од мало село со 1.485 жители, е првак на Шведска!
СледноВаленсија со бод кај Алавес, Столе повторно остана на клупата!