Србија го има новиот најмлад стрелец во историјата на лигата

85

Српските клубови се познати по тоа дека даваат шанса на исклучително млади фудбалери, од кои потоа сакаат дебело да наплатат при нивната продажба. Впрочем така и се прави.
Овојпат во центарот на вниманието на јавноста во Србија, е младиот играч на суперлигашот ИМТ, Алекса Митиќ кој што стана најмладиот стрелец во историјата на шампионатот на Србија.

Тој вчера на „Рајко Митиќ“ во поразот од Црвена Звезда од високи 6:1 погоди за својот тим на возраст од 16 години и 19 дена.

Со што го симна од тронот сега веќе сериозно успешниот Душан Влаховиќ кој за Партизан своевремено реализираше со негови 16 години и два месеци.

 

ПретходноШишковски и Цветаноски во тимот на колото во Босна
СледноНотингем Форест пронајде замена за Постекоглу