Трент Александер – Арнолд ќе биде подготвен за Ел Класико

29

Такви се вестите од Мадрид денеска кои велат дека англискиот интернационалец го одработил целиот денешен тренинг, и дека тој 99% ќе биде подготвен за настап следниот викенд кога е закажано големото ЕЛ Класико дерби против тимот на Барселона. Во прашање беше повреда на листот која очигледно е санирана.

Во меѓувреме пак, Давид Алаба е сè уште надвор од теренот по натпреварот со Хетафе и ќе биде подложен на тестови. Хујсен сè уште не е вратен, а единствените здрави дефанзивци се Милитао и Асенсио.

Сето ова значи дека Александер Арнолд и тоа како му е потребен на тимот во веројатно највжниот меч во овој дел од сезоната за Мадрид.

 

ПретходноЕХФ за ремек – делото на Митревски и Манасков: Дали е ова голот на годината?! (ВИДЕО)
СледноНа потег е Чаби Алонсо: Ендрик повторно направи скандал на клупата!