Утревечер во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Реал Мадрид во големото дерби од ова коло ќе се соочи со Јувентус на домашен терен. Нормално, како претходница на секој дуел од ЛШ денеска беа одработени официјалните прес конференции на двата клуба.
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо рече дека во никој случај не смее да се потцени противникот, Јуве е голем клуб, и дека Реал го чека тежок меч.
„Ова е европска класика. Овие два клуба се сретнале многу пати, а јас играв во некои од тие натпревари. Се чувствуваме подготвени. Сакаме трета победа во Лигата на шампионите и екстра почеток. Јувентус е многу добар тим, тактички. Тие често ги менуваат позициите, а играчите многу ротираат. Ако не сте добро подготвени, тие можат да ви ја направат огромен проблем. Мораме да бидеме силни во овој аспект, а кога ја имаме топката, да бидеме директни и да го наметнеме нашиот стил на игра. Ние сме на штрек. Секој италијански тим што доаѓа во лоша форма може да биде опасен. Не смееме да ја заборавиме историјата. Јуве е одличен клуб и во минатото и денес. Тие имаат многу добри играчи, а Кенан Јилдиз е еден од нив. Тој се развива на фантастичен начин. Го познавам. Тој беше во Баерн кога и јас бев таму. Среќен сум што го гледам неговиот напредок“ – рече Алонсо на официјалниот прес.