Атлетико го пријави Арсенал во УЕФА: На „Емирејтс“ немало топла вода, па се туширале во хотелот!

46
ФОТО: Atlético de Madrid/fb

Ете, и тоа може да се случи во Лигата на Шампионите, на еден таков стадион како „Емирејтс“ во Лондон, еден од најдобрите во Европа.

Вечерва се игра мечот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, но од таброт на шпанскиот тим не кријат дека се гневни по она што синоќа им се случило.

Откако го одработиле тренингот на “Емирејтс“, констатирале дека во соблекувалните немало топла вода, па не можеле да се истушираат и тоа го сториле дури во хотелот.

Навистина непријатна ситуација ако се знае дека тренингот беше одработен по дождливо време.

По се ова раководството на Атлетико Мадрид го пријави Арсенал во УЕФА за непријатностите.

ПретходноКатастрофа: Заврши годината за најдобриот кошаркар на Партизан!
СледноПланот на Мајами Хит за 2027: Јокиќ и Јанис…и одиме по титула?!