Вардар победи во Франција: „Црвено-црна“ доминација и во Тулуз

87

Македонскиот вицешампион Вардар 1961 ја оствари и втората победа во групната фаза од ЕХФ Европската лига откако вечерва на гостувањето во Франција против екипата на Тулуз оствари победа од 26:28.

Момците на Иван Чупиќ одиграа одличен меч, иако во вториот дел влегоа во „црна дупка“, која за малку можеше да ги внесе во вистина драма во последните 3-4 минути од средбата. Имено, Вардар по брилијантното прво полувреме замина на пауза со фантастични 11:18. Оваа разлика од 7 гола се чинеше дека е гарант за втора победа во групата, но така не мислеа и домашните кои влегоа во фантастична серија од 35. до 46. минута, период во кој успеа да намалат на само еден гол разлика (22:23).

По неколкуте реакции од клупата, Вардар успеа да се соземе дури во завршните 5 минути од средбата. Во неколку напади нашиот претставник направи разлика од +4 и потоа само умешно ја оддржа до крајот за да ја запише и втората победа во групата.

Јака Малус со 6 гола беше најефикасен кај Вардар, а Горига постигна 4 гола. Кај екипата на Тулуз во вториот дел се разигра Илиќ кој средбат аја заврши со 7 погодоци.

Во вториот натпревар од групата на Вардар, екипите на Сесвете и Кристијанштад одиграа нерешено 32:32.

 

ПретходноПрва радост за Работнички, Кожув со „тројка“ во последната секунда до победа (ФОТО)
СледноЛШ: Барса го „демолираше“ Олимпијакос, Каират не победи ни со играч повеќе (ВИДЕО)